Времето сончево со утринска магла

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од јужен правец. Во некои котлини ќе има појава на ниска облачност со утринска магла. Утринската температура се движи од минус девет до минус два, а дневната од пет до 11 степени.