Ховит: 2014 да не биде уште една изгубена година

„Земјите членки на ЕУ посочија експлицитни области каде што тие бараат напредок и ги повикувам сите во Македонија да најдат начин за исполнување на овој предизвик. 2014 година не треба да биде уште една изгубена година за европските амбиции“,. Ова го изјави известувачот за Македонија во европарламентот Ричард Ховит откако евроминистрите за надворешни работи повторно ја оставија настрана одлуката да и доделат датум за почеток на преговорите на Македонија. Според британскиот европратеник, во заклучоците сепак се забележува дека Советот ја дели оценката на Европската комисија дека земјата доволно ги исполнува политичките критериуми во однос на проширувањето на Унијата.