Црна Гора отвори нови поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора денеска отвори пет нови поглавја во преговорите за членство со Европската унија, вклучително клучните поглавја 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството и владеење на правото. Преговорите со Црна Гора Брисел ги води по нов принцип со цел да се избегне прием во Унијата на земји, кои се уште не се подготвени за членство. Црна Гора е прва земја што води преговори на овој начин. Таа официјално ги почна преговорите со ЕУ на 29 јуни минатата година.