Азаров - пакетот од Русија е „историски“

Украинскиот премиер Микола Aзаров, рускиот заем од 15 милијарди долари и договорот за понуден од страна на Русија го нарече историски, бидејки на Украина и обезбедува економска и финансиска стабилност.

Според Aзаров, без тој пакет од Русија, Украина би се соочила со стечај и социјален колапс.

Одлуката на претседателот Виктор Јанукович за соработка со Москва ги поттикна барањата за негова оставка од страна на опозицијата која повика на масовни протести во Киев.