Хомосексуалец во делегацијата на САД во Сочи

Тенискиот великан Били Џин Кинг ќе биде еден од двајцата спортисти кои се хомосексуалци по определување во делегацијата на САД на Зимските олимписки игри во Сочи.
Сепак, за прв пат од 2000 година САД не испраќаат претседател, поранешен претседател, првата дама или потпретседател на Игрите. Русија се најде под жестоки критики поради донесувањето на законите со кои се забранува националната „геј пропаганда“.
Портпаролот на белата Куќа озјави дека „делегацијата на САД е нешто што ја претставува разновидноста на САД“ и дека претседателот Барак Обама „знае оти тие на светот ќе му го покажат најдоброто од Америка“.