ОН: и мигрантите се луѓе

Пред утрешниот Меѓународен ден на мигрантите, Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци го потестува светот дека, како што се наведува во изјавата, мигрантите се човечки суштества кои имаат човечки права. Затоа, како што се додава, тие не треба да бидат посматрани само како алатки за постигнување економски развој и како беспомошни жртви на кои им треба еднократна помош. Комесаријатот бара од владите да преземат конкретни мерки во борбата против расизмот и ксенофобијата.