Груевски: Самарас, креатор на проблемот

Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ вели дека актуелната Влада во Грција не сака решавање на прашањето за името и оти грчкиот премиер Андонис Самарас воден од националистички побуди го спречувал приближувањето на Македонија кон ЕУ. „Соочени сме со фактот дека нема директни разговори повеќе од година ипол, бидејќи другата страна не сака решение за спорот и не сака да разговара, а климата се влоши значително со новата грчка Влада во средината на минатата година“, наведува премиерот Груевски. Тој не е оптимист во поглед на идното грчко претседателство со Унијата, но смета дека останува на другите членки да и покажат на Грција дека солидарноста има граници.