Две години од смртта на Ким Џонг Ил

Северна Кореа денеска одбележува две години од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг Ил. Илјадници високи претставници присуствуваат на комеморативната церемонија за Ким во Пјонгјанг. Неговиот син Ким Џонг Ун во минатата недела го егзекутира неговиот тетин Џанг Сонг Тек, втора по моќ личност во Северна Кореа. Џанг беше обвинет за повеќе злодела, меѓу кои и обид за државен удар.