Виталиј Кличко се откажа од светската титула

Виталиј Кличко

Виталиј Кличко се откажа од титулата светски боксерски шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата за да може во целост да и се посвети на политиката. Сепак Управниот одбор на ВБЦ го прогласи Кличко за почесен шампион. Титулата почесен шампион им се доделува на боксерите кои ја завршиле кариерата, во мометот додека биле шампиони, и воедно им остава можност да се борат за титулата веднаш, доколку решата да се вратат во рингот. Кличко и неговата партија Удар ги предводат проевропските протести во Украина.