Владата денеска ќе излезе со интервентни мерки за загадувањето

Владата денеска ќе излезе со интервентни мерки за справување со загаденоста во главниот град кои ќе бидат резултат на постојано следење на состојбата и продолжение на она што веќе на краток и подолг рок се прави за справување со овој проблем.Мерките на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ги усвои Владата, која уште на минатата седница, имајќи ги предвид параметрите и временските услови кои не предвидуваат ветрови и врнежи кои можат да ја подобрат состојбата, ја задолжило оваа институција да ги изготви. Законот за заштита на амбиенталниот воздух предвидува интервенција на државата по десетдневно континуирано повисоко ниво на загадување.