Лавров: Украина треба да има право на слободен избор

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Брисел изјави дека се согласил со неговите колеги од Европската унија оти Украина би требало да има право на слободен избор кога ќе решава дали е за потесни врски со Москва или со Западот. Тој додаде дека во Брисел допатувал не за да разговара за Украина, туку да одржи разговори околу рускиот политички дијалог со Унијата.