Турција им доставувала оружје на сириските бунтовници

Турција од јуни досега им доставила 47 тони оружје и муниција на сириските бунтовници, и покрај тоа што повеќепати ги негира тие информации, тврди весникот „Хуриет“, повикувајќи се официјални турски документи. Турски дипломат одби денеска да ги коментира тврдењата на весникот „Хуриет“, повторувајќи дека Турција не доставува оружје до ниту една бунтовничка група во Сирија.