Киргистан го одбива рускиот патоказ

Sochi, September 23, 2013

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев изјави дека неговата земја нема да влезе во Царинската унија пртедводена од Русија врз основа на патоказот кој бил подготвен без вклученост на Киргистан.
" Ние за разлика од Украина, немаме многу избори, но ќе го избере она што е добро за нас", изјави Атамбаев
Минатата недела, вицепремиерот Јомарт Оторбаев се пожали дека експерти на Киргистан не биле вклучени во дефинирањето на тековниот процес што би можело да предизвика социјални проблеми и нестабилност ако таквиот план се спроведе. Во Царинската унија на Русија во моментов се Белорусија и Казахстан.
Москва соопшти дека Унијата ќе биде проширена во Евроазиска економска унија, по моделот на Европската унија, од 2015 година.