Израелски војник застрелан покрај границата со Либан

Израелската армија соопшти дека еден војник загинал во престрелка покрај границата со Либан. Во соопштението од армијата се наведува дека либански снајперист го убил израелскиот војник но за сега не е јасно што го предизвикал инцидентот во неделата. Израелските вооружени сили соопштија дека нема да се толерираат престрелки додека портпарол на Обединетите нации во Либан изјави дека станува збор за сериозен инцидент покрај сината линија околу Рас Накуора.