Власта најавува инвестиции, опозицијата реагира за задоцнети субвенции

Два милиона евра се одвојуваат за шестиот јавен повик за маркетиншка поддршка на земјоделските производи. Според директорот на Платежната агенција Тони Димовски, ова е продолжување на мерките за унапредување на земјоделството со воведување нова опрема и механизација. „Станува збор за набавка на трактори за примарно производство, како и опрема за преработка. Корисници на поддршката се сите физички и правни лица запишани во регистарот на земјоделските стопанства“, рече Димовски. Во меѓувреме, опозициската СДСМ обвини дека владата само со реклами го подржува земјоделството додека земјоделците останале со скинати џебови. Опозиционерите забележуваат дека не се исплатени половина од предвидените субвенции од минатата година чиј законски рок заврши летово.