Нови протести во Киев

Илјадници приврзаници на опозицијата и про-владини демонстранти протестираат во главниот град на Украина. Опозицијата повика на масовни протести во Киев поради одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не потпише договор за трговија со Европската унија во интерес на поблиски односи со Русија. Подржувачите на шефот на државата се собираат во близина на анти-владините кампови. Американскиот сенатор Џон Мекејн се сретна со претставници на опозицијата и нивните приврзаници и упати апел до власта да го почитува демократското право на мирен протест.