Почна погребот на Нелсон Мандела

Во Куну почна погребот на Нелсон Мандела. Борецот прптив аперхејдот кој стана првиот црн претседател на Јужна Африка почина на 95 годишна возраст. Станува збор за традиционална церемонија со која завршува десетдневниот период на жалење. Мандела беше добитник на Нобеловата награда за мир а претседателскиот мандат го доби на првите избори во Јужна Африка на кои право на учество им беше овозможено на припадници на сите раси.