Кинеско летало слета на месечината

Кинеското беспилотно летало “Чанг’е 3” слета на површината на месечината. Леталото е именувано по кинеска божица. Станува збор за трета земја која испрати вселенско летало на месечината, после Соединетите американски држави и Советскиот сојуз. Последната вселенска експедиција беше организирана пред 37 години.