Груевски: Грција ja користи кризата за да не се реши името

Грција ја користи економската криза за да не се реши прашањето со името, но тоа не значи дека Македонија треба да ги распродаде своите национални вредности, изјави премиерот Никола Груевски “Ќе се бориме за решавање на проблемот, но со отворени очи, а народот е тој што ќе го каже последниот збор” рече Груевски на синоќешната трибина во Штип.