Тензична атмосфера во Киев

Украинскиот сервис на Радио Слободна Европа јавува дека илјадници подржувачи на претседателот Виктор Јанукович се собраа во центарот на Киев од каде се очекува да почне маршот за подршка на владеачката партија. Одлуката на шефот на државата да не ги потпише договорите за соработка со Европската унија предизвика масовни протести низ целата земја. Про-владините демонстранти ќе маршираат покрај подржувачите на опозицијата кои со недели протестираат на улиците на главниот град на земјата. Неколку илјадници про-европски демонстранти се забарикадираа во камп на плоштадот на независноста, од каде се планира да поминат подржувачите на претседателот.