Бесими: без консезус за почеток на преговорите со Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими

„Реално, кога се уште не е решено прашањето за името со Грција и отвореното прашање со Бугарија, да нема консензус од сите членки на ЕУ за добивање датум за преговори на престојниот сами на Унијата“. Ова го изјави вицепремиерот, задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими, кој денеска престојуваше во работна посета на Брисел каде што имаше средби со амбасадорите на земјите на Европската унија, директорот на Директоратот за проширување Кристијан Даниелсон и со генералниот секретар на европската служба за надворешни односи Пјер Вимонт. Бесими на овие средби ја повторил македонската заложба за евроатлантската интеграција како стратегиска цел на Владата, но од соговорниците добил јасно до знаење дека во моментов нема консензус во Унијата за нашата земја да добие датум за преговори.