Во Македонија највисоката бруто плата 63 милиони денари

архивска илустрација

„Скопјани се на врвот на листите за остварени најголеми приходи и највисока плата во 2012 година. Највисок приход во Управата за јавни приходи пријавил скопјанец во износ од над 242 милиона денари, а највисоката бруто плата изнесувала околу 63 милиони денари во секторот здравствени услуги. Ова денеска го соопшти директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски кој истакна дека над 174 илјади граѓанин доброволно поднеле годишна даночна пријава, а оти 60.000 граѓани оствариле дополнителни приходи, а не поднеле пријава. За оние што не поднеле Годишна даночна пријава е предвидена глоба од 500 до илјада евра.