Во Брисел, нова рунда од дијалогот Белград Приштина

премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи

Денеска во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина за правосудството на Косово. На состанокот, освен премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе учествува и првиот потпретседател на српската влада Александар Вучиќ. Разговорите меѓу Белград и Приштина, со посредство на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон се клучни за одлуката на Европскиот совет за означувањето на почетокот на пристапните преговори на Србија со Европската унија.