Европски парламент: Албанија да добие кандидатски статус

Европскиот парламент денеска ги повика земјите членки на Европската унија да и доделат кандидатски статус на Албанија. Во резолуцијата усвоена на пленарната седница во Старзбур се наведува дека главен предизвик и натаму останува корупцијата. Европската комисија во извештајот за напредокот на Албанија заклучи дека таа земја треба да добие кандидадтски статус под услов да ги заврши клучните реформи во правосудството и јавната управа, како и да донесе нов собраниски деловник.