Вељаноски во Албанија

претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски

Во рамките на официјалната посета на Албанија, претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски се сретна со својот колега Илир Мета, со претседателот на државата Бујар Нишани и со заменик премиерот Нико Пелеши. Притоа станало збор за регионалната соработка и за соработката во евроатлантските процеси. На средбите, како што соопшти кабинетот на Вељаноски, било дискутирано и за малцинствата при што е потенцирано дека на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија се гледа како на фактор кој наместо да дели, соединува, затоа што се своевидна органска врска меѓу двете држави.