МПЦ ќе ја ревидира забраната на Фејсбук

Македонската православна црква - Охридска архиепископија ќе ја ревидира својата неодамнешна одлука со која на владиците, свештенството и на монаштвото им се забрани користењето на социјалната мрежа Фејсбук, одлучи Светиот Синод.

Синодскиот секретар епископот хераклејски Климент денеска во изјава за новинарите рече дека тоа ќе се случи веќе во текот на претстојната година.

Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката, рече епископот Климент.

Владиците, меѓу другото, денеска расправале и за состојбите во епархиите на МПЦ-ОА, но не станало збор за проблемите во Австралиско-новозеландската епархија.