Украина: опозицијата отфрла разговори, бара оставка на владата

Лидерите на украинската опозиција ја отфрлија понудата за разговори на претседателот Виктор Јанукович, истакнувајќи дека инсистираат на оставка на владата.
Во меѓувреме демонстрантите продолжуваат да окупираат објекти во центарот на Киев, вклучувајќи го и Градскиот Совет, откако полицијата се повлече по неуспешниот обид да ги расчисти улиците.
Во Вашингтон, Пентагон соопшти дека украинскиот министер за одбрана Павло Лебедев во телефонски разговор со секретарот за одбрана Чак Хејгел изјавил оти владата на Јанукович нема да ги употреби оружените сили против демонстрантите. Стејт департментот соопшти дека се дискутира околу можно воведување санкции против Украина.
Во Брисел пак, се очекува денеска украинскиот заменик премиер Серхиј Арбузов да разговара со еврокомесарот за проширување Штефан Филе за спогодбата за асоцијација со ЕУ.