Годишно обраќање на Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го има редовното годишно обраќање до парламентот. Обраќањето се совпаѓа со 20- годишнината од усвојувањето на пост-советскиот Устав на Русија.
Кремљ објави неколку детали од говорот, а аналитичарите сметаат дека Путин најверојатно ќе ја спомне планираната масовна амнестија во чест на годишнината. Тој во понеделникот го испрати нацрт текстот на законот за амнестија до државната Дума.
Пред обраќањето, Кремљ соопшти дека Путин вчера се сретнал со членовите на националниот Совет за безбедност, со кои разговарал за домашни и меѓународни актуелни прашања и за концептуални прашања во врска со говорот.