Младиќ ќе мора да сведочи во процесот против Караџиќ

Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија му наложи на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ да сведочи во процесот против политичкиот лидер од времето на војната, Радован Караџиќ.
Трибуналот ја прифати молбата на Караџиќ да го задолжи Младиќ да сведочи во неговиот процес. Караџиќ тоа го побара уште во април, откако Младиќ одби тоа да го направи доброволно. Се очекува Младиќ во јануари да се појави како сведок во процесот против Караџиќ.
И двајцата тврдат дека не се виновни за обвиненијата за кои се товарат: геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.