Времето денеска- студено утро, па сончево

Времето во Македонија претпладне ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево со умерена облачност во источните делови.
Утринската температура се движи од минус девет до минус три, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус седум и со дневна до осум степени.

И во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време, со ниски утрински температури и со благ пораст на дневните.