Во Софија средба Дачиќ, Орешарски

Ивица Дачиќ

Денеска во Софија разговараа премиерите на Бугарија и на Србија Пламен Орешарски и Ивица Дачиќ кои оцениле дека е значајно земјите од Балканот да се консултираат во процесот на идентификување и дефинирање на своите интереси. Орешарски притоа навел дека Бугарија секогаш ја поддржувала интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија. На средбата станало збор за изградбата на рускиот гасовод Јужен тек.