Специјалци упаднале во Градскиот совет во Киев

Градскиот совет во Киев, 11.12.2013.

Украински специјалци, според последните информации, упаднале во Градскиот совет во Киев за да ги истреаат проевропските демонстранти при што дошло и до судири. Веднаш потоа полицијата се откажала од обидот и ја има блокирано зградата со автобуси. Во меѓувреме на главниот киевски плошатд се уште има распоредено специјалци кои во текот на изминатта ноќ се обиделе да ги растурат барикадите и шаторите на демонтрантите. Во турканиците имало неколкумина повредени и на двете страни. Извори на Европската унија во Брисел за Радио Слободна Европа изјавија дека најверојатно денеска нема да дојде до состанок со украинска владина делегација што вчера го најави претседателот Виктор Јанукович.