Полицијата се судри со демонстрантите во Киев

Стотици припадници на специјалната полиција се преселија во големиот протестен камп на Плоштадот на независноста во украинскиот главен град Киев во раните утрински часови. Специјалната полиција ги демонтираше шаторите и ги разби демонстрантите. Тепачката избувнала меѓу полицијата и опозициските пратеници кои пристигнале да го бранат кампот. Според извештаите меѓу демонстрантите има и повредени, а нивниот број полека пораснал откако опозиција повикала да излезат на Плоштадот на независноста. Нашиот дописник јавува дека полицијата исто така ги отстранила барикадите пред Градското собрание, но не ги истерала демонстрантите. Американскиот државен секретар Џон Кери изрази "згрозување" од полициската акција. Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон која се наоѓа во Киев за да бара решение за кризата, рече дека властите не треба да дејствуваат под превезот на ноќта и со употреба на сила да се ангажираат во општеството.