Радио Слободна Европа под сајбер напади

Радио Слободна Европа во текот на неделава е цел на сајбер напади кои ја нарушуваат работата на нејзините интеренет страници и радио емисии. Радио Слободна Европа работи на блокирање на натамошното нарушување на нејзиното работење. Претседателот на Радио Слободна Европа Кевин Клосе изрази длабоко жалење за непријатностите што настануваат со ваквите напади, но и уверување дека тие нема да ја отргнат публиката од следењето на Радио Слободна Европа. РСЕ доживеа сличен напад и во минатиот месец.