Украина - Јанукович и Нуланд на одвоени средби

Украинскиот Претседател Виктор Јанукович ги започнува разговорите со тројцата поранешни претседатели Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко засилени и со тркалезна маса со преставници на цивилното општество и опозицијата.
Во исто време, на разговори со опозиционите лидери е американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд. Во Киев, во рамките на напорите за смирување на политичката криза во Украина, се очекува и шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.
Стотици демонстранти и натаму се на плоштадот на независноста во Киев поради одбивањето на украинските власти да го потпишат договорт за асоцијација со ЕУ.