Украина: напори за смирување на кризата

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон денеска ќе пристигне во Киев во рамките на напорите за смирување на политичката криза во Украина. Илјадници демонстранти се на улиците на Киев веќе неколку недели по одлуката на претседателот Виктор Јанукович да одбие потпишување договор со ЕУ. Со истата цел Јанукович денеска ќе се сретне и со тројцата поранешни претседатели-Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко. Вчера Јанукович изјави дека поддржува разговори со опозицијата. Сепак, тензиите се зголемија, откако полицијата упадна во седиштето на опзицијата со цел да ги спречи безредијата.