Времето облачно и врнежливо

Времето во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.

Утринската температура се движи од минус три до два, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време. Во претпладневните часови со услови за краткотрајни врнежи од дожд, а повремено некаде и со краткотраен снег. Утринската температура се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во текот на следните денови ќе преовладува претежно сончево време. Поголемо спуштање на температурите ќе се почувствува утре, а понатаму следува нивно благо покачување.