Во Ирак денеска 20 жртви

Околу 20 луѓе ги загубија животите при нападите во Ирак.
Најголем инцидент била денешната експлозија на автомобил бомба во градот Бухриз на 60 километри северно од Багдад, според извештаите, загинале најмалку 12 луѓе, а биле ранети 24. Насилството во Ирак е најинтензивно во последниве пет години. Само во оваа година загинале над 8 илјади луѓе.