Македонија да се стреми кон намалување на сиромаштијата

Економскиот раст во Македонија во првата половина на 2013 година е на највисоко ниво во регионот, а е резултат на силното закрепнување во градежниот и услужниот сектор, се наведува во Редовниот економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка. Македонија, според главните препораки на Светската Банка, мора да се стреми кон намалување на сиромаштијата и кон рамномерна распределба на приходите. Во моментов во Македонија проблемот е што од една страна луѓето не можат да најдат работа, а од друга страна компаниите имаат проблем да ги пополнат работните места, особено оние за кои се потребни квалификувани работници. Мора да се фокусирате на вештините на луѓето, но и на бизнис климата, вели директорката на канцеларијата на СБ во Скопје Татјана Проскурјаковa.
Извештајот за Македонија, БиХ, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија, посочува дека сите шест држави излегле од рецесијата во првата половина на 2013 година, претежно заради извозот ориентиран главно кон Европа.