Ослободени четворицата киднапирани турски војници

Курдските бунтовници денеска ги ослободиле ччетворицата турски војници киднапирани вчера на југоистокот на Турција. „Војниците се во добра здравствена состојба“, изјави претставник на турската армија. Киднапирањето се случи близу Дијарбакир, најголем град во југоисточна Анадолија за време на немирите по убиство на двајца курдски демонстранти во петокот.