Јанукович поддржал разговори со опозицијата

Украинскиот претседател Виктор Јанукович поддржал разговори на тркалезна маса во кои би била вклучена и опозицијата. До ова дојде по скоро тринеделни антивладини протести во Киев. За утре исто така е најавено дека Јанукович за начините за излез од кризата ќе разговара и со тројца претходни претседатели на Украина. Во меѓувреме, во Брисел е потврдено дека шефицата на дипломатијата на Европската унија утре и задутре ќе престојува во Киев.