Украинската опозиција бара напуштање на Градското собрание

Координаторите на проевропските протести во Украина ги повикаа нивните поддржувачи да ја напуштат зградата на градските власти откако таму пристигнале неколку автобуси со полицајци. Неколку десетици специјалци почнале да се распоредуваат околу местата каде што се демонстрантите. Во меѓувреме, четири метро станици биле затвоени по дојавата дека била поставена бомба. Вчера во Киев над половина милион украинци протестираа против претседателот Виктор Јанукович и неговата одлука да не ја потпише спогодбата за aсоцијација со Европската унија.