Нов бомбашки напад во Ирак

I

Во денешната експлозија на автомобил бомба во градот Бухриз на 60 километри северно од Багдад, според извештаите, загинале најмалку 11 луѓе. Се прецизира дека до експлозијата дошло во делот од градот претежно населен од сунитски муслимани. До ова дојде по вчерашните неколку напади во Ирак во кои загинале околу 40 луѓе, додека над 120 биле ранети. Насилството во Ирак е најинтензивно во последниве пет години. Само во оваа година загинале над 8 илјади луѓе.