Светската Банка ќе презентира извештај за Западен Балкан

Светска банка денеска ќе го презентира редовниот полугодишен извештај за економската состојба во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Извештајот, кој ќе биде преставен од главен економист на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија Галина Андронова-Винчелете, содржи информации за состојбата на земјите од регионот по нивното излегување од рецесија во првата половина на годинава, очекуваниот кумулативен регионален економски раст од 1,8 проценти до крајот на годината како и идните перспективи.