Премиерката на Тајланд го распушти Парламентот

Премиерката на Тајланд Јинглук Синаватра го распушти Парламентот и побара одржување предвремни избори. На ова му претходеа три неделни улични протести во главниот тајландски град Банког, на кои демонстрантите имаа судири со полицијата и бараа премиерката да си замине од власт. Се смета дека таа е марионета на нејзиниот брат ,поранешниот премиер Таксин Синаватра, кој беше остранет од власт поради обвинувања за корупција.И покрај распуштањето на Парламентот опозициските лидери повикаа на одржување масовни протести барајќи да се формира независно тело што ќе ги организира изборите во Тајланд Полицијата соопшти дека на протестите во Банког учествувале над педесет илјади луѓе.