Во серија бомбашки напади во Ирак загинаа 22 лица


Повеќе од 20 луѓе загинале денеска во серијата бомбашки напади во Багдад и неговата околина, јавија агенциите. Според болнички извори во нападите има и голем број повредени лица. Извршени се десет бомбашки напади и тоа главно во шиитските области.Насилството во Ирак оваа година достигна ниво што не е забележано од 2008 година кога според Обединетите нации биле убиени над осум илјади луѓе.