Продолжуваат проевропските масовни протести во Украина


Голем број украинци кои се незадоволни од одлуката на Претседателот Виктор Јанукович да не го потпише договорот за приближување кон ЕУ се собраа денеска на протестот во централен Киев.Претходно опозицијата најави дека на големиот проевропски митинг ќе присуствуваат милион луѓе за да побараат оставка од владата.Засега не е јасно колку луѓе присуствуваат на протестите но агенциите јавуваат дека плоштадот на Незвисноста во Киев е преполн со демонстранти.
На сличен протест минатата недела учествуваа околу 300 илјади демонстранти што преставува најголем протест во Украина од 2004 година за време на Портокаловата револуција.Во меѓувреме Киев и Москва негираат дека Јанукович и рускиот претседател Владимир Путин во петокот разговарале Украина да се придружи на царинската Унија предводена од Русија. Порпаролот на Путин изјави дека тема на разговорите била сорботката во енергетиката. Украинските валсти ан крајот на ноември обкавија дека нема да го потишат договор за придружување со ЕУ и дека наместо тоа ќе се свртат кон поблиска соработка со Русија