Инспекторите за атмоска енергија во посета на иранската нуклеарна постројка

Иранските медиуми јавија дека инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска ја посетиле нуклеарната постројка Арак. Ова е прва нивна посета на нуклераниот ректор по повеќе од две години.Двајцата инспектори пристигнаа во Иран вчера. До посетата доаѓа по постигнатиот договор меѓу Иран и шесте светски сили со кој се предвидува Иран да се откаже од некои делови од својата нуклеарна програма, а во замена да добие олеснувања на економските санкции.