Обама го брани договорот со Техеран

.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека верува оти шансите за нуклеарниот дговор со Иран се педесет проценти,но дека смета оти дипломатијата е најдобар начин да се спречи Техеран да дојде до оружје. Во обраќањето вчера во Вашнгтон пред про израелска публика тој изјави дека сите опции, вклучително и можната воена опција,остануваат на маса ако Иран не се придржува до договорот. Обама рече дека е нереално да се верува оти Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма во целост, доколку постојано се зацврснува режимот на санкции и ако не се даде шанса на разговорите.Односите меѓу Вашингтон и Израел се затегнаа поради нуклеарниот договор постигнат меѓу Иран и шесте светски сили вклучително и САД.