Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2014 година

Грчкиот парламент доцна синоќа го усвои рестриктивниот буџет за 2014 година, со кој е предвидено намалување на државните трошоци од 3,1 милијарда евра.Владата на премиерот Андонис Самарас ја доби поддршката на мнозинството пратеници во Парламентот за предложениот буџет, со кој е предвиден крај на рецесијата, која во земјата трае од 2008 година. Буџетот е усвоен со 153 гласа, а против биле 142 пратеника.
Со буџетот за следната година предвиден е економски раст од 0,6 отсто, по падот за четири отсто во тековната година. Со него, исто така, се предвидува и дополнителен даночен приход од 2,1 милијарда евра.